Рангник ќе има 120 милиони евра за засилувања во јануари
Привремениот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, ќе добие значителна сума на пари за да ја засили екипата во зимскиот преоден рок.
Управата на Јунајтед му обезбеди на Рангник 120 милиони евра за засилувања, а Рангник планира оваа сума да распредели за ангажман на три имиња, а се надева и на четврто.
Највисоко на листата на желби се наоѓа Тимо Вернер со кого Рангник има одличен однос и кого го донесе во Лајпциг од Штутгарт. Вернер во 2020 година се пресели во Челси каде се наоѓа во немилост на менаџерот Томас Тухел, но Рангник смета дека може да го „врати во живот“ и затоа ќе се обиде во јануари да го донесе на „ОЛд трафорд“.
Следни на листата на желби на Рангник се фудбалери кои добро ги познава, Амаду Хаидара и Кристофер Нкунку од Лајпциг. Новиот менаџер на Јунајтед планира Хаидара и Нкунку да бидат замена за Пол Погба кој најверојатно ќе ги замине на крајот од сезоната.