Рамуш Харадинај и Јакуп Красниќи денеска ќе бидат испрашувани во Хаг

Клан Косова

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ќе биде испрашуван денеска од страна на Специјалниот суд. Топ Чанел дознава дека сослушувањето ќе се одржи во 09:30 часот во Хаг, исто така, ќе биде сослушуван и Јакуп Красниќи, поранешен шеф на косовското Собрание.

Според истиот медиум се очекува холандската полиција да го зголеми своето присуство околу Трибуналот, бидејќи може да бидат организирани протести од албанската заедница што живее во оваа земја.

Шукри Буја, друг поранешен водач на ОВК, беше интервјуиран вчера. Му беа прочитани прашањата од страна на обвинителите, но тој одби да одговори. Буја не беше прашан за посебни прашања, туку за улогата на синџирот на командата во војната.

Специјалниот суд е формиран за да го истражи извештајот на Дик Марти, каде се води истрага за злосторствата против Србите за време на војната на Косово. Иако овој суд постапува врз основа на косовските закони, неговото седиште се наоѓа во Хаг, пренесува Клан Косова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот