Рамос се ценка со Реал, поради Кинезите бара поголема плата
Серхио Рамос е еден од најзаслужните што Реал Мадрид ја освои шампионската титула во Ла Лига, и сега сака да го наплати успехот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Веднаш по освојувањето на титулата претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека Рамос ќе го биде делод клубот до крајот на животот, што коренсподира со желбата на капитенот кариерата да ја заврши на „Сантијаго Бернабеу“.
Перез е подготвен да го прекрши сопственото правило кое на фудбалери како Икер Касиљас, Раул и Кристијано Роналдо не им ги продолжи договорите поради нивните преголеми барања, и ги пушти да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“.
Иако Перез е подготвен да му ја исполни желбата на 34-годишниот Рамос и да му понуди двегодишен договор, можно е капитенот на крајот да си замине.
Причината за тоа е изненадувањето кое го доживеа претседателот на Реал Мадрид на средбата со агентот на Рамос кога му било побарано зголемување на платата за една третина, односно од досегашните 12 милиони таа да изнесува 18 милиони евра.
Причината поради ваквото барање на Рамос е понудата која ја има од кинескиот Гвангжу евергранде кој му нуди двегодишен договор тежок 44 милиони евра.


