Рамадани: Знаеме дека ќе биде тешко против Лудогорец, но и Шкендија има свои квалитети
Во четврток од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје фудбалерите на Шкендија ќе го играат првиот натпревар од плејофот во Лигата на Европа против Лудогорец од Бугарија.
Препорачано
Тетовските „црвено-црни“ денеска со последниот тренинг ги завршуваат подготовките за воведните 90 минути во кои ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реваншот кој е закажан за 28 август.
Своите очекувања за утрешниот дуел на прес-конференција ги сподели тренерот на актуелниот македонски првак, Јетон Беќири:

– Нормално натпреварите се блиску еден до друг и просторот за подготовка не е идеален поради почетокот на првенството, но ние сме принудени да го сфатиме секој меч со максимална сериозност и во Европските купови и во првенството. Верувам дека сме и со тоа имаме сериозен и многу искусен противник пред нас, но сакав да кажам дека освен првото коло со кое се соочивме против ТНС, сите други тимови како Стеауа Букурешт или Карабах и утрешниот противник се тимови од високо ниво, каде што неколку години по ред учествуваат во групи од европските натпреварувања. Се надевам дека тимот ќе го даде својот максимум и сум сигурен дека ќе покажат добри настапи бидејќи освен натпреварот што го одигравме со тимот на Карабах, верувам дека другите натпревари ќе бидат прифатливи од страна на тимот и се надевам дека утре ќе имаме позитивен настап – изјави Беќири.

Тренерот на ФК Шкендија вели дека обврска на играчите е да го даде својот максимум:
– Со промената на лигашкиот систем од страна на УЕФА, верувам дека сега тензијата е помала меѓу фудбалерите, бидејќи веќе ни е обезбедено натпреварување, како што е Конференциската лига, но мора да се потрудиме уште повеќе. Тие противници, што Шкендија ги имаше во изминатите години, беа силни противници, исто како што силниот противник е екипата на Лудогорец, но ние сме принудени да направиме нешто, да го дадеме својот максимум и да се обидеме да одржиме позитивен резултат, и покрај фактот дека се чувствува и заморот и нормалните и помали повреди што почнуваат да се појавуваат од време на време, што е нормално кај сите други европски тимови. Но, наша обврска е да го дадеме својот максимум и да се претставиме на најдобар можен начин утре – се зборовите на Беќири.
Фудбалерот на Шкендија, Решат Рамадани очекува тежок натпревар против бугарскиот тим:
– Имаме добра атмосфера во тимот. Цела недела се подготвувавме и со многу фокус и посветеност ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто пред силен противник, бидејќи и ние имаме свои квалитети. Очекуваме борбен натпревар, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе го дадеме својот максимум за да извлечеме позитивен резултат – вели Рамадани.

Руи Мота пред мечот со Шкендија: Ќе бараме победа, треба да постигнеме многу голови


