Руи Мота пред мечот со Шкендија: Ќе бараме победа, треба да постигнеме многу голови
Тренерот на бугарскиот фудбалски клуб Лудогорец, Руи Мота, изјави дека неговиот тим нема да игра на нерешено, туку ќе бараат победа на гостувањето против Шкендија во првиот натпревар од плеј-офот за влез во лигашката фаза од Лигата на Европа.
Препорачано
Мечот на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра в четврток, 21 август, од 20.00 часот.
– Натпреварите во Европа секогаш се тешки, но ние имаме свои силни страни. Го анализиравме противникот. Ова е тим против кој треба да постигнеме многу голови од ситуациите што ги имаме. Тимот работи добро, се надеваме дека сè ќе се развие добро. Знаете кој сум јас и колку е добар Лудогорец. Сакаме да победиме и утре нема да биде поинаку. Нема да играме на нерешено, туку ќе бараме победа и добар резултат – рече Португалецот Мота на аеродромот во Варна.
Тренерот на Лудогорец воедно информираше дека шведскиот дефанзивец Јоел Андерсон е повреден и нема да биде во составот за првите 90 минути против актуелниот македонски првак.
Главен судија на мечот во Скопје ќе биде Крис Кавана од Англија.


