Рама: Утре се носи одлука за заострување на рестриктивните мерки, обезбедивме 1,6 милиони вакцини

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во Албанија во последното деноноќие регистран е нов негативен рекорд на заразени со ковид-19, но и на пoчинати лица, како последица на опасниот вирус.

 По видно влошената епидемиолошка состојба со ковид-19 во Албанија, утре Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе донесена одлука за заострување на рестриктивните мерки.

Ова го најави премиерот Еди Рама, додавајќи дека тоа доаѓа по повеќедневните разговори и направени анализи, кои потврдуваат дека во просек дневно од почетокот на месецов се регисрираат по над 1.050 новозаразени.

-Комитет се состанува утре. Ги слушнавме, тие се загрижени. Ќе има заострување на мерките. Тие инсистираат на тоа дека треба да се спроведат мерките како што е зголемување на казната за неносење заштитна маска и поголема ангажираност на полицијата, како и продолжување полициски час. Може да додадеме и други мерки, рече Рама.

Иако не прцизира, медиумите пренесуваат дека полицискиот час кој од 11 ноември трае од 22:00 до 6:00 часот ќе биде зголемен за четири часа односно ќе почнува во 18:00 часот.

-Повеќе од бројките, позагрижувачка појава е неспроведувањето на тековните мерки што доведуваат до други проблеми.Мерките не можат целосно да спречат инфекции, но го намалуваат нивното темпо со тоа што системот ќе одговори на потребата на луѓето да добијат здравствена заштита, додаде Рама.

Тој исто така информраше дека се обезбедени 1,6 милиони дози вакцини за 800 илјади граѓани преку Ковакс од Фајзер и оти се во преговори и со други компании. 

Во Албанија во последното деноноќие регистрран е нов негативен рекорд на заразени со ковид-19, но и на пoчинати лица, како последица на опасниот вирус.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита од направените 4.562 тестирања, позтивни на врусот се 1.239 што е 27 отсто од тестираните.

Меѓу новозаразените е и министрот за одбрана Нико Пелеши,кој објавувајќи ја веста на неговиот профил на Фејсбук, наведува дека има лесна форма на болеста.

-Со сета грижа и внимание во текот на сите овие месеци, направениот тест потврди дека сум позитивен на Ковид-19. За среќа, имам благи симптоми и сум во самозолација во мојот дом, од каде што ги обавувам должностите од далечина. Носете маска, напиша тој.

Пелеши не е прв член на кабинетот на премиерот Еди Рама,кој се заразил со опасниот вирус. До сега позитивни биле четворица министри,кои веќе се оздравени.

Како што информираше министерството забележана е и висока смртност, односно битката со опасниот вирус ја изгубиле 16 пациенти, од 58 до 84-годишна возрст,со што бројката на почнати се скачи на 1.488 Во исто време во списокот на оздравени се внесени 805 лица.

-Висока е бројката на активни случаи – 33.107, од кои 19.282 се во Тирана,која и понатаму е главно жариште на болеста, каде се 553 од новозаразените. Во четирите ковид болници се третираат 471 пациент, 23 се на интензивна терапија додека 11 се интубирани. Слободни болнички места има, зашто болниците располагаат со 550 легла, наведува Министертвото.

До сега во земјата се направени 394.242 тестови при што позитивен резултат е добен кај 87.528 што е 22,2 отсто од вкупно тестраните,оздравеле 52.933 лица

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот