Рама не се откажува: Денеска ќе ги избришеме изборните коалиции

Вонпарламентарната опозиција прифаќа отворени листи, но не и укинување на изборните коалиции со аргумент дека доколку партиите бидат во единствена листа, ќе биде казнета вонпарламентарната опозиција.

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница порача дека денеска заеднички дадениот глас во Собранието ќе биде на потребната страна на историјата овозможувајќи отворени изборни листи и укинување на коалиции преку измени во Уставот.

Тој додаде дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат.

– Кој и да се спротивстави на ова, е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ. На петти јуни имаше само формален договор а Собранието успеа да го направи изборна реформа. Изборните коалиции денеска се бришат, нив ги нема во ниту една земја членка на ОБСЕ, од Ванкувер до Владивосток – рече меѓу другото Рама.

Албанскиот Парламент денеска треба да ги изгласа уставните измени, без постигнат консензус со вонпарламентарната опозиција, која денеска побара од пратениците да не поддржат еднострани измени бидејќи тоа е во спротивност со постигнатиот консензус на петти јуни околу изборната реформа.

Синоќа и покрај тоа што претставниците на партиите во Политичкиот совет расправа пет часа, не беше постигнат договор. Вонпарламентарната опозиција прифаќа отворени листи, но не и укинување на изборните коалиции со аргумент дека доколку партиите бидат во единствена листа, ќе биде казнета вонпарламентарната опозиција.

Дел од пратениците од парламентарната опозиција во своите дискусии оценија дека доколку се изгласаат уставните измени во земјата се враќа диктатурата.

Апел до Рама да не се усвојуваат уставни измени без постигнат консензус со вонпарламентарната опозиција упатија претседателот Илир Мета, како и највисоките претставници на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот