Ракометарките на Јужна Кореја триумфираа на Светското кадетско првенство што се играше во Скопје
Репрезентацијата на Јужна Кореја до 18 година триумфира на Светското кадетско првенство што се одржа во Скопје откако во финалето ја совлада Данска со 31:27.
Препорачано
Во возбудливото финале и двете репрезентации имаа свои моменти, почетокот им припадна на ракометарките на Јужна Кореја кои први дојдоа до предност поголема од два гола (8:5), во Данките направија пресврт и поведоа со 11:14. Сепак, со крајот на првиот дел Јужна Кореја успеа да дојде се избори на одмор да се замине со нерешени 15:15.
Во вториот дел, првиот удар го зададе Данска чии ракометарки поведоа со 20:22, а одговорот на Јужна Кореја беше серија од 4:0 за водство до 24:22. Предноста од два гола, Јужнокорејките успеаја да ја задржат благодарение на расположената голманка Ким која одбрани неколку шутеви во моментите кога Данките се обидуваа да фатат резултатски приклучок.
На крајот Јужна Кореја славеше со 31:27.
Во натпреварот за третото место и бронзенио тмедал, Унгарија со 27:26 и тоа благодарение на пеналот во последните секунди ја совлада Холандија.
Македонија која беше организатор на кадетскиот Мундијал го освои 12 место.


