Ракометарките на Ѓер ја слават седмата титула во Лигата на шампионите
Унгарскиот женски ракометен клуб Ѓер ја освои седмата титула во ЕХФ Лигата на шампионите откако во финалето со 29:27 триумфираше над Оденсе од Данска.
Препорачано
Пред речиси 20.000 гледачи во Будимпешта, Унгарија, Ѓер одлично го започна финалниот меч, принудувајќи го Оденсе да побара тајм-аут при резултат 5:1. Иако данскиот голман Рајнхард имаше неколку одбрани, Ѓер го задржа водството. При 13:6, Лунде постигна гол, а Оденсе одговори со серија од 4:0, по што Пер Јохансон побара минута пауза – што го донесе и резултатот. Унгарскиот тим водеше со 20:15 на полувреме со добро осмислени акции.
Во второто полувреме, Ѓер одржуваше предност (24:19 по 10 минути игра), но данскиот тим не се предаваше. Сако одбрани удар од седмерец и зицер. При резултат 27:23 во 50 минута, Ѓер повторно побара тајм-аут. Нивниот напад забави, но моќниот удар на Хушир донесе радост. Чапчет доби црвен картон поради прекршок. Иако Оденсе се обиде да се врати, не успеа да ја намали разликата на помалку од два голови.
Во победничките редови Хушер постигна седум голови, а по шест погодоци имаа Братсет Дале, Хушер и Нзе Минко, а на спротивната страна пет погодоци запиша Хојлунд.
Во натпреварот за третото место данскиот Есбјерг со 30:27 беше подобар од францускиот Мец.


