Ракометарите на Вардар „газат“ во Суперлигата, убедливо го надиграа и РК Алкалоид

талески
Филип Талески („РК Вардар 1961/фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961

Ракометниот клуб Вардар 1961 ја продолжува победничката серија во македонската Суперлига, во Автокоманда „црвено-црните“ доминираа и славеа против РК Алкалоид на Кирил Лазаров со 22:30.

Играчите на Владо Недановски ги држеа конците на играта, сите дилеми беа решени веќе по првото полувреме кога актуелните шампиони имаа позитива од „плус осум“ (15:7).

РК Алкалоид успеа само во првите 10 минути од вториот дел да намали нешто од негативата (11:16), но неговиот противник не дозволи никакво изненадување, во 43 минута предноста повторно порасна и на семафорот стоеше 16:24.

До крајот на средбата беше само рутина за Вардарци во чии редови први стрелци беа Талески и Моралес со по шест голови, а на спротивната страна Митев имаше шест погодоци, два помалку Серафимов.

Во истата група „А“ составот на Охрид триумфираше над Куманово со резултат 32:17. На табелата води Вардар 1961 со 33 бодови, пред Алкалоид кој има 27, на четвртата позиција е Охрид со 18, додека Куманово е претпоследен со три.

Еурофарм Пелистер 2 ја запиша шестата победа во рамките од групата „Б“ откако со 25:21 го совлада Голден Арт. Битолскиот тим е на четвртото место со 19 бодови, веднаш пред Голден Арт на петтата позиција со 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот