Ракометарите без Лазаров поразени од Словенија (ВИДЕО)

фото: твитер/rokometnazveza

Само во првите неколку минути од мечот нашата селекција имаше позитива, но воглавно Словенците го диктираа резултатот во своја корист.

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација загуби на претпоследниот контролен меч пред ЕП во Словенија од тамошната селекција со резултат 33:28.

Стартната постава на Брестовац беше Ристовски како голман, Манасков и Георгиевски како крила, Стоилов како пивот, а на бековската позиција Талески, Кузмановски и Д. Велковски.

Селекторот Данило Брестовац одлучи најискусниот во нашата селекција, капитенот К. Лазаров од клупа да го гледа поразот на своите репрезентативни колеги. После првото полувреме имавме висока негатива од 19:12, бевме само во минимална позитива во почетните минути (2:3), а бевме рамноправни до 6:6 на семафорот.

Македонија: Ристовски (9 одбрани), Митревски, Томовски, Д. Манасков 8, Велковски 1, Стоилов 4, Лазаров, Талески 4, В. Марковски, Н. Маркоски, Кузмановски 3, Костески, Танкоски 2, Георгиевски, Крстевски, Поповски, Пешевски 2, Маџовски 2, Серафимов 2, Мишевски.

Одбраната не функционираше најдобро, а на тоа неколку пати реагираше и Ристовски, а воедно не користевме шанси во нашите напади.

Во вториот дел шанса добија и играчите од клупата, Танкоски, Маџовски, Поповски, Г. Крстевски, Пешевски го замени Стоилов, а Серафимов доби шанса на позицијата десен бек. Во одбраната со браќата Маркоски, но и покрај сите тие промени, предноста на противникот остануваше висока, во 42. минута беше 26:18, а во 47. минута намаливме на 27:21.

Борко блескаше со неколку одбрани, па беше заменет од Томовски. Танкоски се разигра со свои препознатливи соло акции и со два голови намали на пристојни 28:23 на 10. минути до крајот на дуелот.

Но, кога беше најпотребно не успеавме да го однесеме мечот во неизвесна завршница, Словенија се одлепија повторно на „плус осум“ (33:25) што беше најава за пораз на Македонија.

Ова беше претпоследна проверка пред настапот на Европското првенство кое што ќе го започнуваме на 10. јануари против Украина. Последниот тест пред заминувањето за Виена, „црвено-жолтите“ ќе го имаат на 5. јануари против Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот