Ракомет во Токио: Шпанците во финишот го скршија отпорот на Египет за бронзен медал

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Ракометарите на Шпанија во натпреварот за третото место на Олимписките игри го совладаа Египет со 33:31 (19:16).
Првото полувреме помина во измрамнета игра на двете репрезентации, а „фуријата“ во финишот успеа да дојде до предност од три гола (19:16) со кои замина на одмор.

Во вториот дел, ракометарите на Египет кои ги предводи поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо, заиграа поагресивно во одбраната и успеа да дојде до израмнување на 21:21 по што се играше гол за гол. Египет имаше три шанси да дојде до водство, но Гонзало Варгас во трите наврати успешно интервенираше. На три минути до крајот Душебаев и Ентрериос погодија за водство од 30:28 за Шпанија, Душебаев потоа носи водство од 31:29 како и 32:30. Во последните секунди Родригез Ентрериос ги постави конечните 33:31.

Абело Гомез беше најпрецизен кај Шпанија со осум гола, Робледо Гарсија даде шест, додека Душебаев пет гола. Кај Египет кој е најголемо изненадување на ракометниот турнир, Ахмед Алахмар даде осум гола, Мохамед Шебиб и Јахја Омар дадоа по шест гола.

Во големото финале кое се игра од 14 часот ќе се сретнат Данска и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот