Рајковиќ со ЦСКА Москва во финалето на ВТБ Суперкупот

фото: instagram.com/cskabasket

Денеска во полуфиналето од ВТБ Суперкупот екипата на ЦСКА Москва од Русија славеше убедливо против Мега Баскет од Србија со 101:76.

Прв стрелец во екипата предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ беше Жан-Шарл Ливио со 18 поени, а 14 коша беа дело на Далас Мур.

На спротивната страна Малколм Казалон имаше 16 поени, еден повеќе од Андрија Грбовиќ.

Противник на ЦСКА Москва во финалето ќе биде познат по одигрувањето на мечот в сабота помеѓу белградски Партизан и шампионот на ВТБ лигата, Зенит.

Во првиот меч од натпреварувањето ЦСКА Москва триумфираше и над Уникс Казан (76:71) во чии редови македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше пет поени за скоро 14 минути игра на паркетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот