„Рајанер“ ја затвора базата на аеродромот во Франкфурт

Авиони на Рајанер / Фото Архива на СП

– Мораме да продолжиме со спроведување на алтернативни мерки со цел да заштедиме, а тие мерки, за жал подразбираат и затворање бази и откази, се вели во пораката која компанијата им ја испратила на своите германски пилоти.

Ирската нискобуџетна авио – компанија „Рајанер“ соопшти дека ќе ја затвори својата база на аеродромот во Франкфурт откако нејзините германски пилоти одбиле да прифатат намалување на платите поради кризата предизвикана од пандемијата од корона вирусот.

Компанијата исто така ги предупредува своите пилоти дека до крајот на летото постои ризик да ги затвори и своите бази на аеродромите во Дизелдорф и на берлинскиот Тегели, пренесува „Би Би Си“.

Ирскиот авио – превозник се бори за опстанок поради ограничувањата за патување и летови кои ги воведоа голем број земји.

Германскиот синдикат на пилоти соопшти дека помалку од половина од германските пилоти на „Рајанер“ се согласиле на намалување на платите.

Британските пилоти и стјуардеси вработени во оваа компанија наводно го прифатиле најавеното намалување.

– Мораме да продолжиме со спроведување на алтернативни мерки со цел да заштедиме, а тие мерки, за жал подразбираат и затворање бази и откази, се вели во пораката која компанијата им ја испратила на своите германски пилоти.

„Рајанер“ на крајот од мај најави дека ќе биде принуден да укине 3.000 работни места низ цела Европа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот