Раиконен: Во Формула 1 сакаат борба, а потоа ве казнуваат!

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен не гледа логика и праведност во активностите на стјуардите кои го казнија неговиот поранешен тимски колега Себастијан Фетел во Канада.

Според стјуардите, пилотот на Ферари се вратил опасно на патеката, затворајќи го на тој начин Луис Хамилтон, по што го казнија со пет секунди, а тоа го чинеше победа во трката.

– Не сакам да влегувам во дискусија, но не видов во активностите на Себ во Монтреал нешто што е казниво. Но, некој друг видел. Кога се враќаш на трасата, се обидуваш да не се удриш во ѕидот. Чудно е, бидејќи во почетокот на сезоната се зборуваше дека ќе се поттикнува машката борба и битка на патеката, но потоа се наметнуваат казни, што не ми се допаѓа – прокоментира Финецот.

Ледениот потоа зборуваше за проблемите во болидот на Алфа Ромеа, тим за кој настапува оваа сезона.

– Во одредени моменти и кривини, болидот се однесува прекрасно, во други – чудно. Потисокот не е добар ако се спореди со болидите на ривалите. Не сме далеку од ривалите, но треба да се потрудиме. Не можам да кажам дека болидот ни е послаб од првите трки, едноставно нашите ривали ги решија своите проблеми – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот