Раднички Ниш е новиот клуб на македонскиот репрезентативец Ашковски

фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Во средата селектор на македонската фудбалска А репрезентација Благоја Милевски го објави списокот за натпреварите против Украина и Ерменија.

Меѓу повиканите е и Стефан Ашковски кој има нов клуб, станува збор за Раднички Ниш, како што стои на официјалниот сајт на ФФМ.

фото: принтскрин/ффм

Овој клуб моментно настапува во најсилната фудбалска лига на Србија и моментно е на 13 позиција со седум бодови.

Последен клуб на Ашковски беше грчката Ламија во чиј дрес минатата сезона во тамошниот шампионат запиша 16 настапи.

Претходно на клупски план беше дел и од Сепси, Ботошани, Славија Софија, Фортуна Ситард, Горник, Кајсери Ерчијеспор, Нови Пазар, Шкендија, Стромсгодсет, Напредак, Доњи Срем, Партизан и Телеоптик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот