Радев од Брисел: Ние сме во состојба на вето за РС Македонија, ќе барам европски мониторинг за правата на Бугарите

Румен Радев/ Фото: МИА

Во моментов ние сме во состојба на вето за членството на РС Македонија во Европската Унија, бидејќи Бугарите кај нашиот западен сосед сè уште не се вклучени во неговиот Устав, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Тој пред бугарските новинари повори дека решението кое „го протуркавме со помош на францускиот претседател Емануел Макрон е дека преговорите ќе почнат само кога Бугарите ќе влезат во Уставот“

– Бугарите не се запишани, преговорите не се започнати – рече Радев.

Тој најави дека иако не е тема на дневниот ред, тој задолжително пред Советот на ЕУ ќе го покрене прашањето за зголемената агресија и ескалацијата на антибугарската кампања во Република Северна Македонија затоа што во прашање се принципите на ЕУ врз кои се заснова сечие членство.

– Пред две години точно тука пред европските партнери го претставив прашањето со правата на македонските Бугари. Тоа се одвиваше многу тешко, морав да наложам две последователни вета за нашите партнери да сфатат дека тоа е сериозен проблем, со целата негова длабочина и да ја примат бугарската позиција, која всушност е адекватна на европската позиција која најде свое место во преговарачката рамка за РСМ. Проблем е растечката агресија кон македонските Бугари што води до злосторства од омраза, палежи и стрелби по нашите културни клубови и физички напади на македонските Бугари. Очекувам дефинитивна институционална реакција од властите кај нашиот западен сосед и итни активности за откривање на сторителите. За жал, во моментов не ја гледам потребната политичка волја рече Радев.

Советот на Европа потврди дека во Македонија нема дискриминација на Бугарите

Според бугарскиот претседател, има разминување меѓу амбициите на Македонија и чекорите за воспоставување на демократски стандарди и за македонските Бугари.

– Одрекувањето на постоењето на проблемот само го одложува проблемот, води до ново насилие и ги стимулира престапите од омраза. Ќе барам солидарност од европските колеги и нивна ангажираност и со истата енерегија со која нас нè прозиваат за успорување на процесот на евроинтеграција на РСМ, така ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за запазување на правата на Бугарите во РСМ – рече Радев пред вонредниот состанок на Советот на ЕУ во Брисел на кој главна тема е Украина и средбите со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот