Радев: Крајно време е Македонија да почне со гонење за нападите врз Бугарите
Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека Македонија мора да спроведе ефикасна истрага и гонење на сите напади врз Бугарите во Македонија, ако сака да го продолжи патот кон Европската унија. Неговата изјава следи по нападот врз новинарот Владимир Перев во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и гонење за сите напади врз Бугарите во земјата. Ова е единствениот начин оваа земја да постигне европска интеграција“ изјави Радев, пренесе БГНЕС.
Тој нагласи дека многу јасно им укажал и на македонската претседателка и на премиерот во Скопје, дека случајот со Владимир Перев е добра прилика конечно да се започне со ова, бидејќи, според него, и мотивот и сторителот се јасни.
Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера соопшти дека очекува од македонските власти да спроведат темелна истрага за инцидентот. Оттаму го осудија нападот на 80-годишниот Бугарин.
„Категорично го осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал поттикнат од моменталната општествено-политичка атмосфера и антибугарската реторика“, стои во соопштението.
По инцидентот се огласи и контроверзниот бугарски политичар, Ангел Џамбаски, кој испрати писмо до официјален Брисел и ги обвини европските институции дека „молчат пред систематските напади врз Бугарите во Република Северна Македонија“ и дека тоа „не е само политичка кратковидост туку морален и правен неуспех“.
Истакнат македонски Бугарин е нападнат во Скопје, официјална Софија реагира


