Ангел Џамбаски / Фото: Profimedia

Џамбаски со отворено писмо до Брисел: Вашето молчење го легитимира насилството врз Бугарите во Македонија

Контроверзниот бугарски политичар Ангел Џамбаски, член на крајнодесничарската ВМРО-БНД, им испрати писмо на членовите на Европскиот парламент и Европската комисија поради нападот врз македонскиот Бугарин, Владимир Перев, во кое, како што објави на својот Фејсбук, ги критикува европските институции дека молчат пред систематските напади врз Бугарите во Македонија.

„Вашето тврдоглаво молчење пред систематските напади врз Бугарите во Република Северна Македонија не е само политичка кратковидост“ пишува во писмото Џамбаски.

„Тоа е морален и правен неуспех. Најновиот случај – бруталниот напад врз новинарот Владо Перев, еден од ретките храбри гласови во земјата – не е „инцидент“. Тоа е уште еден чекор во долгиот синџир на насилство, етничка омраза и неактивност на државата. Овој пат вашите оправдувања звучат уште полажно од вообичаеното. Вашето молчење го легитимира насилството. Системските напади врз луѓе со бугарски идентитет ги кршат Копенхашките критериуми што сами сте ги утврдиле. Секоја земја-кандидат е должна да гарантира човекови права, заштита на малцинствата, стабилни институции, владеење на правото, а Македонија очигледно не го прави тоа“, објавил Џамбаски.

Според поранешниот европратеник „говорот на омраза кон Бугарите е институционализирана норма, а Европа молчи“. Тој упати неколку барања до Брисел:

„1. Отворено да признаете дека се вршат систематски прекршувања против бугарската заедница во Северна Македонија.
2. Секој понатамошен напредок во преговорите да го поврзете со реални, демонстративни резултати според Поглавје 23.
3. Да го прекинете формалниот „напредок“ и театарот на известување што го прикрива недостатокот на реформи.
4. Испратете јасна порака дека Европа нема да толерира насилство, омраза и дискриминација“, наведува Џамбаски во писмото.

Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера објави дека македонски Бугарин, кој како што се наведува, е еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во земјава, бил нападнат во Скопје.

80-годишниот Перев, за кого се тврди дека е поранешен новинар, вели дека маж двојно помлад од него го удрил во лицето и му ги скршил очилата затоа што е од „бугарската заедница во Република Северна Македонија“, пренесе „Бгнес“.

Истакнат македонски Бугарин е нападнат во Скопје, официјална Софија реагира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот