„Раде Кончар” ќе дели дивиденда за 2019 година

За таа цел ќе бидат издвоени 22,7 милиони денари од профитот на „Раде Кончар” за минатата година.

Компанијата за производство на електрични компоненти и опрема „Раде Кончар – Апаратна техника” од Скопје соопшти дека нејзините акционери донеле одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во износ од 110 денари по акција.

Како што информира компанијата, за таа цел ќе бидат издвоени 22,7 милиони денари од профитот на „Раде Кончар” за минатата година.

Лани компанијата оствари профит од 27,64 милиони денари, што претставуваше раст од 23 проценти во споредба со претходната година. З

а 2018 година „Раде Кончар” исплати дивиденда од 95 денари по акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот