Мохамед Муизу / Фото: presidency.gov.mv

Рација во медиум на Малдивите кој објавил дека претседателот имал швалерка

Полицијата на Малдивите во понеделникот вечерта извршила рација во канцелариите на локален медиум, запленувајќи компјутери и забранувајќи им на неговите главни уредници да ја напуштат земјата откако медиумот емитувал видео во кое жена тврди дека имала сексуална врска со претседателот на Малдивите, објави ОЦЦРП.

Четиричасовниот претрес на „Адхаду“, истакнат медиум кој емитува програма на јазикот дивехи, доведе до конфронтација меѓу владата на претседателот Мохамед Муизу и новинарите од медиумот.

Според налогот за претрес издаден од кривичен суд, редакцијата на „Адхаду“ и неговите новинари се обвинети за „казф“ – сериозно кривично дело според исламскиот правен систем на земјата, дефинирано како лажно обвинување за прељуба против муслиман. Обвинението произлегува од видео насловено како „Аиша“, објавено на 29 март, во кое поранешен член на персоналот детално ја опишува наводната афера.

На Малдивите, кривичното дело носи максимална казна од четири години затвор, а може да вклучи и телесна казна до 80 удари со камшик.

За време на ноќната рација, полицајците конфискувале лаптопи, мемориски картички и друга опрема на редакцијата. Главниот извршен директор на изданието, Хусеин Фијаз Муса, и неговиот уредник, Хасан Мохамед, последователно добиле забрана за патување.

Фијаз за ОЦЦРП тврди дека иако налогот овластува претрес и инспекција на просториите, тој законски не дозволува општа конфискација на имотот на редакцијата.

-Кога нашите адвокати го посочија ова, полицајците не одговорија и продолжија да конфискуваат сè. Им рековме дека ако сакаат докази поврзани со документарецот „Аиша“, можеме да им ги дадеме. Не веруваме дека сакаат да најдат докази. Претседателот Муизу и полицијата сакаат да го сопрат Адхаду, рече Фијаз, истакнувајќи дека ова ги компромитирало изворите на новинарските информации.

Малдивската влада силно стои зад полициската акција. Али Ихусан, министерот за внатрешни работи, напиша на социјалната платформа X во вторникот дека властите „имале право да истражуваат и да извршат претрес во медиумот поради лажни обвинувања за прељуба против претседателот.

-Ширењето измислени сериозни обвинувања не е новинарство. Полицијата го почитува владеењето на правото и уставните права на претседателот, напиша Ихусан.

Здружението на новинарите на Малдивите ги окарактеризира постапките на владата како сериозно пречекорување.

-Бараме итен крај на заплашувањето на новинарите и потиснувањето на слободата на печатот, се вели во соопштението на здружението и се додава дека со воведувањето забрани за патување на уредниците, администрацијата „преминува јасна црвена линија“.

Внук на Кадиров пет дена бил државјанин на Србија, но преку ноќ станал „безбедносна закана“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот