Рамазан Кадиров / Фото: ЕПА

Внук на Кадиров пет дена бил државјанин на Србија, но преку ноќ станал „безбедносна закана“

Владата на Србија му го одзеде српското државјанство на Јакуб Салманович Закариев, внук на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој беше српски државјанин само пет дена, пишува Н1.рс.

Повикувајќи се на Законот за општа управна постапка и Законот за Влада, српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска потпишал одлука со која му се одзема српското државјанство на Јакуб Закриев (36), која беше објавена во „Службен весник“.

Закриев, според медиумите, е внук на Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и близок сојузник на Владимир Путин.

Кога му било доделено државјанство, Владата се повикала на член 19 став 1 од Законот за државјанство, во кој се наведува дека „странец чие примање во државјанство на Република Србија би било од интерес за Република Србија може да добие државјанство на Република Србија“.

Пет дена подоцна и помалку од 24 часа откако медиумите ја објавија оваа вест, Владата се предомисли и му го одзеде државјанството. Така, внукот на Кадиров од странец од интерес за Србија стана странец кој може да претставува „опасност за националната безбедност“ за пет дена.

.Јакуб Закриев е син на постарата сестра на Кадиров, Зулај. Во 2018 година, кога имал 27 години, бил назначен за градоначалник на Грозни.

Во февруари 2020 година, тој стана шеф на кабинетот на регионалниот лидер и владата, а во ноември истата година беше назначен на функцијата заменик премиер и министер за земјоделство на Чеченија.

Во септември минатата година, Кадиров потпиша указ со кој им доделува медали на чеченските функционери по повод „стогодишнината од основањето на Чеченската Република“.

Најмалку 12 роднини на Кадирови, кои држат различни позиции во регионот, го добија ова одликување.

Блискиот соработник на Закари, Руслан Алисултанов, исто така претходно доби српско државјанство, според Крик. Алисултанов стана државјанин на Србија на 14 март 2024 година, според одлука потпишана од Ана Брнабиќ.

Тој беше заменик министер за земјоделство на Чеченија и заменик градоначалник на Грозни, кога братучедот на Кадиров ги држеше овие позиции.

„Сега преку неговата компанија „Здравје и исхрана“ (поранешна „Данон Русија“) тој е сопственик на имотот што претходно го напушти француската компанија Данон… Членовите на семејството на Руслан Алисултанов – неговите две ќерки и два сина – исто така добија српско државјанство“, објави Крик.

Кадиров: Ќе дадеме по 4.600 евра за секое дете што ќе го носи името на чеченските херои

Кадиров го унапреди синот: 20-годишниот Ахмат ќе биде вицепремиер и министер за спорт на Чеченија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот