Работниците во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат повисок минималец

брза храна
Фото: Unsplash

Во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот стапи на сила законот според кој големите синџири на ресторани за брза храна мора да им плаќаат на работниците најмалку 20 долари на час, јавуваат американските медиуми. Законот минатата година беше потпишан од страна на демократскиот гувернер Гевин Њусом, а сопствениците на ресторани се жалат дека ќе мора да отпуштат работници и да ги зголемат цените.

Федералната минимална плата во САД е 7,25 долари на час. Државите, исто така, можат да одредат повисоки минимални плати, а во Калифорнија таа е одредена на 16 долари на час. Исклучок се минималните плати за работниците во рестораните за брза храна како Мекдоналдс, Бургер Кинг и слично. Околу 500.000 луѓе, главно жени и малцинства, работат во ресторани за брза храна низ Калифорнија.

Просечната плата е 25.800 долари годишно, а во целата земја е 43.000 долари, пренесува AФП. „Поради зголемувањето, сите ќе мора да платиме повеќе“, изјави главниот финансиски директор на Чипотл Мексикан Грил, Џек Хартунг за Вол Стрит Журнал. Во Калифорнија, и покрај зголемувањето на минималната плата, од 2015 година се отворени нето 142.000 работни места во ресторани за брза храна, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот