Работнички се раздели со Мираковски

Фото: ABA/Dragana Stjepanovic

Екипата на Работнички која во кошаркарската сезона влезе со големи амбиции да се бори за двата трофеи во домашниот шампионат како и да се бори за влез во АБА лигата, на крајот остана без ниту еден трофеј.
Тимот од Градски парк тотално потфрли во АБА2 лигата каде не успеа да се пласира во плеј-офот, а разочарувачки за најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија беа и резултатите во домашните натпреварувања. Работнички загуби во финалето на Купот на Македонија од МЗТ Скопје, додека во разигрувањето за титулата во полуфиналето беа елиминирани од Еуро Никел во два натпревари.
Поради тоа, управата на Работнички одлучи да се раздели со тренерот Димитар Мираковски, односно да не му го продолжува договорот кој истече по поразот од Еуро Никел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот