Работнички елиминиран, ТФТ за финале во Купот против МЗТ Скопје Аеродром

фото: kfsm.mk

ТФТ е последниот учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во СРЦ „Кале“ со 78:73 го совлада Работнички. Играчите предводени од тренерот Боро Смилковски за влез во големото финале ќе игра против МЗТ Скопје Аеродром кој претходно го елиминираше Кожув.

Во игра со многу осцилации, уште повеќе промени на водството на двете страни, на крајот, екипата на ТФТ се покажа како подобра и успешно тргна во одбрана на трофејот која го освои ланскиот февруари, на истото место, СРЦ „Кале“.

За ТФТ блескаше Бишоп со 23 поени, пет помалку имаше Костоски, а 16 коша беа дело на Ташовски. Кај Работнички само четири играчи постигнуваа поени, Форте и Малешевиќ запишаа по 27, Марковски забележа 11, а Бакоч осум.

– Уште пред стартот на Купот кажав дека очекувам 50-50 натпревар и дека некоја топка и моментална инспирација ќе решава. Навистина беше тешко, отворивме добро, Работнички се врати, а клуч за нас беше третата четвртина кога во дефанзивата покажавме агресивност и дојдовме до лесни транзициски поени, па ја задржавме таа позитива до самиот крај. Ова е прв меч од трите, лани сонувавме за чудо, немојте да мислите дека оваа година не го посакуваме пак. Се надевам дека ТФТ преку „вечните“ ќе закаже дуел против Пелистер – рече тренерот на ТФТ, Смилковски, по дуелот со Работнички.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ
Четвртфинале, резултати (мажи)

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 80:68

Гостивар – Феникс 2010 70:72

Пелистер – Еуро Никел 2005 79:70

Работнички – ТФТ 73:78

Полуфинале, двојки
17 февруари

17.00 часот: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ
19.30 часот: Феникс 2010 – Пелистер

Полуфинале, двојки (жени)
17 февруари

12.00 часот: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862
14.30 часот: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист во Купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот