Путин за нападот на „Крокус“: Сите спонзори и организатори мора да бидат казнети

Напад на „Крокус“ - фото: ЕПА

Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од грозоморниот терористички чин во „Крокус“ – првиот човек на Русија порача: Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад мора да бидат идентификувани и казнети.

„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, изјави Путин.

Според рускиот лидер, зад терористичките напади во различни делови на светот стоеле и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, пренесуваат руските медидуми.

„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век. Настаните зад терористичките напади во различни региони не се водени само од разузнавачките служби на одредени земји. Нивната цел е да го поткопаат уставниот темелите и ги дестабилизираат суверените држави поттикнувајќи меѓуетнички и меѓурелигиски раздор“, истакна Путин.

Терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, се случи на 22 март – загинаа 145 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот