Пулишич за 66 милиони евра во Челзи

Фото: CHELSEA FC - TWITTER

И официјално Американецот Кристијан Пулишич стана дел од Челзи доаѓајќи од редовите на Борусија Дортмунд.

Пулишич за бундеслигашот оваа сезона четири пати се запиша во листата на стрелците во 20 натпревари за „црно-жолтите“.

Позираше со својот нов дрес, беше веќе познато уште во јануари дека ќе се пресели во Челзи, но екипата од „Стемфорд Бриџ“ немаше право да го претстави своето ново засилување пред завршувањето на сезоната во најсилната германска фудбалска лига.

Да додадеме уште дека Оливие Жиру и наредната сезона ќе ги брани боите на лондонските „сини“. Францускиот интернационалец до сега има вкупно 62 одиграни натпревари и реализираше 17 голови.

Со 10 погодоци му помогна на тимот оваа сезона да обезбеди финале во Лига Европа каде што ќе се сретне против својот поранешен клуб Арсенал.

– Многу сум среќен поради новиот договор. Навистина сакав да останам барем уште една година, се надевам дека во иднина ќе ги израдуваме нашите навивачи со повеќе трофеи – рече Жиру.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот