Публиката вриштела: Магионичар му ја запалил главата на Сајмон Кауел

Моментално се снима новата сезона на британската емисија за таленти „Britain’s Got Talent“, а голем број талентирани (и не толку талентирани) Британци се обидуваат да ги импресионираат членовите на жири-комисијата со своите вештини.
Создавачот на франшизите „The X Factor“ и „Got Talent“, Сајмон Кауел за малку ќе останел без својата коса за време на една од аудициите во Лондон, пишува британскиот „Мирор“.
View this post on Instagram
Имено, еден од натпреварувачите се претставил како маскиран магионичар и го повикал Кауел на сцената, каде го седнал на столче и му ставил качулка на главата. Потоа го полил со бензин за запалки и му ја покрил главата со кутија.
Следно, магионичарот ја отворил страната на кутијата која гледа кон публиката, за да можат луѓето да го видат ликот на Кауел, па фрлил пламен во кутијата и му ја запалил главата на главниот судија на „Britain’s Got Talent“.
View this post on Instagram
Судиите Аманда Холден, Алеша Диксон и Бруно Тониоли биле целосно шокирани од изведбата на мистериозниот магионичар.
„Публиката вриштеше, судиите вриштеа и сите беа шокирани. Огнот беше изгасен, а Сајмон стана од столчето. Беше малку шокиран. Многу им олесна на останатите судии кога тој се врати на своето место“, раскажал сведок на необичната точка.
View this post on Instagram
„Ја почувствував течноста, но не знаев дека се работи за бензин за запалки“, рекол збунетиот Кауел.
„Беше толку страшно. Ти си многу храбат. Во текот на точката сфатив колку се грижам за тебе. Бев спремна да се качам на сцената и да те спасам“, му одговорила Диксон.
„Беше многу забавно за гледање, но и многу страшно“, додала Холден.
„Сè ме потсети на сцена од филмот ‘Saw’. Кога ја видов главата на Сајмон во таа кутија, јас бев воодушевен од сето тоа. Никогаш не сум видел такво нешто“, искоментирал Тониоли.
Новата сезона на „Britain’s Got Talent“ ќе почне да се емитува оваа пролет на британската телевизија „Ај-ти-ви“, но сè уште не е објавен точниот датум.
Повеќе на темата:
Непрепознатлив: Сајмон Кауел ги загрижи обожавателите
Најостриот музички судија го омекна срцето: Сајмон Кауел ја побара девојка си за жена