ФОТО | Најостриот музички судија го омекна срцето: Сајмон Кауел ја побара девојка си за жена

Сајмон Кауел/Facebook
Сајмон Кауел/Facebook

Најпознатиот музички судија пред кого настапувале многу таленти, Сајмон Кауел ја побара својата долгогодишна девојка Лорен Силверман за жена.

Извор близок до парот раскажа детали од запросувањето. Наводно, Кауел ја побарал раката на Лорен во текот на семејниот одмор поминат на Барбадос. Нивните пријатели не биле изненадени од убавата вест, знаејќи дека тие се сакаат и долго време ја размислувале оваа одлука.

Сајмон Кауел/Facebook
Сајмон Кауел/Facebook

„Беше баш слатко. Убаво им е заедно“ – изјави изворот.

Инаку Лорен и Сајмон се запознаа во 2004 година, кога таа уште беше во брак со близок пријател на Сајмон. Но, таа се разведе од сопругот во 2013, а истата година ја објави својата врска со Сајмон, кој подоцна призна дека имале афера додека Лорен уште била во брак.

„Аферата не е нешто на што сум горд, ниту имав намера било кого да повредам. Тоа едноставно се случи“ – изјави Сајмон пред неколку години.

Па, нека им е со среќа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот