ВИДЕО | Непрепознатлив: Сајмон Кауел ги загрижи обожавателите

Познатиот член на жирито на „Britain’s God Talent“ и „America’s Got Talent“, Сајмон Кауел ги загрижи своите обожаватели и следачи со неговото „ново“ лице. Имено, многумина забележаа дека тој можеби претерал со ботоксот или пластичните операции.


На официјалниот Твитер-профил на британското натпреварувачка ТВ-емисија „Суперталент“ е објавено видео на кое водителот ги повикува луѓето на аудиција за новата сезона. Но, коментарите под објавата се главно сосредоточени на самиот Кауел.

„Не го коментирам изгледот на другите луѓе, но изгледа како лицето да му се топи“, „Изгледа некој заборавил да ги исклучи филтрите на Снепчет“ „Изгледа пластично, лажно. Дали тој носи маска?“, „Свети Боже, едвај го препознав!“ – се само дел од коментарите.

Кауел неодамна откри дека претерал со ботокс, а неговиот најнов третман го направил непрепознатлив, пренесува „Daily Mail“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот