фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

ПСЖ подготвува договор каков што досега не е виден за Енрике

Раководството на европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен сака да му понуди договор на неопределено време на главниот тренер Луис Енрике.

Стратегот на „светците“ ја презеде функцијата во парискиот клуб летото 2023 година. Неговиот актуелен договор важи до 30 јуни 2027 година, а доколку Енрике прифати договор без временско ограничување, тоа би претставувало преседан во историјата на светскиот фудбал. Веста ја објави шпанскиот „Ас“, кој наведува дека сега сè е во рацете на тренерот.

Под водство на 55-годишниот Енрике, ПСЖ во 2025 година освои дури шест трофеи: Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Интерконтиненталниот куп, Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на Франција. По 16 одиграни првенствени натпревари оваа сезона, Пари Сен Жермен има освоено 36 бодови и се наоѓа на второто место на табелата, веднаш зад Ланс кој има бод повеќе.

Енрике во својата кариера ги водеше младинските категории на Барселона, Рома, Селта, првиот тим на Барселона, како и репрезентацијата на Шпанија. Кога станува збор за трофеи, има две титули со Барселона и една со ПСЖ, а по еднаш се искачи на европскиот трон со двата клуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот