Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

ПСВ го „избриша“ АЗ Алкмар со петарда на нивен терен

АЗ Алкмар доживеа вистинска катастрофа на домашен терен, откако во дерби дуелот од холандската Ередивизија беше поразен од водечкиот ПСВ Ајндховен со убедливи 5:1.

Домаќините беа шокирани уште во 5. минута, кога Мауро Жуниор го најави распадот на тимот од Алкмар. Најдобар поединец на средбата беше Гус Тил, кој постигна хет-трик и целосно ја скрши одбраната на АЗ.

Во листата на стрелците се запиша и Верман, а единствениот гол за разочараните домаќини го даде Мијнанс.

Разочарувањето беше толку големо што навивачите на АЗ уште пред последниот судиски свиреж ги напуштија трибините.

ПСВ продолжува со незадржливата форма во домашното првенство, освојувајќи нови убедливи три бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот