Психолози откриваат: Ако сакате да бидете посреќни наутро, практикувајте ги овие навики навечер
Подготовката за добар и среќен ден не е само континуираната утринска рутина, иако и тоа е важно. Важен е и начинот на кој ги поминуваме вечерните часови, период кој понекогаш го занемаруваме.
Препорачано
Можеби ќе се изненадите како неколку мали вечерни навики можат значително да влијаат на вашата среќа наутро. Затоа, психолозите открија навики кои треба да ги практикуваме навечер за да бидеме посреќни наутро, пишува „Хафпост“.
Вечерна прошетка
„Одам на прошетка секоја вечер, бидејќи тоа ми помага да се расчисти и смири мојот ум“, изјави психологот и експерт за здравје Ли Чемберс.
Топла бања
Психологот Џастин Гросо е поборник на вечерното бањање поради неговите различни придобивки за физичкото и менталното здравје.
„Целосно потопувањето во вода, за разлика од туширањето, го зголемува расположението кај луѓето со депресија, го подобрува спиењето кај луѓето со несоница и има позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот систем“, објасни таа.
Без телефон во вечерните часови
Несомнено сте забележале дека добриот сон има значително влијание врз вашата ментална состојба следното утро – и има многу докази кои го потврдуваат тоа.
За да добиете поквалитетен одмор, фокусирајте се на подобрување на вашата „хигиена на спиењето“, која се однесува на навиките на животниот стил и факторите на околината кои влијаат на нашиот сон. А, како ги користиме нашите електронски апарати ноќе е голем дел од тоа.
„Исклучете ги екраните околу 30 минути пред спиење и размислете да ги држите апаратите подалеку од креветот за да не бидете во искушение да ги проверувате навечер“, изјави Лори Сантос.
Практикување благодарност
Пред да заспиете, запишете три до пет работи за кои сте благодарни.
„Едноставниот чин на набројување на благословите во животот може да доведе до значителни подобрувања во вашата благосостојба, затоа вечерната листа за благодарност нека ви стане навика“, советува когнитивниот научник и професор по психологија Лори Сантос.
„Ако поминете неколку минути размислувајќи за луѓето што ги цените и за работите за кои сте благодарни како дел од вашата рутина пред спиење, ќе бидете помалку под стрес и ќе заспиете помирно“, заклучил научникот Кортланд Дал.


