Првите 72 часа на Ѓорѓиевски – чисто Скопје и 4.500 тони помалку отпад
Во првите 72 часа откако ја презеде градоначалничката функција, новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја реализираше големата акција за чистење на главниот град, во која беа собрани над четири и пол илјади тони отпад.
Препорачано
Акцијата, во која учествуваа повеќе од две и пол илјади работници, опфати чистење на сите микролокации со контејнери, како и интервенции во речното корито на Вардар, кое, како што истакна Ѓорѓиевски, по долги години конечно тече нормално.
– Плоштадот „Македонија“ е исчистен, кејот беше целосно третиран, исто како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симбол на срам за градот. Нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на валкано Скопје – изјави Ѓорѓиевски вечерва на плоштадот по завршувањето на акцијата.
Според него, во изминатите денови биле изречени над 40 казни и 70 опомени – и за физички и за правни лица.
Градоначалникот најави дека контролите ќе продолжат и дека сите кои во иднина несоодветно ќе го одлагаат отпадот ќе се соочат со санкции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


