Првиот електричен автомобил на Усеин Болт (ВИДЕО)

Еден од најдобрите алтетичари во светот, Усеин Болт влегува во автомобилската индустрија.

Ателтичарот од Јамајка се одлучи да го следи трендот, така што велгува во бизнисот со електрични автомобили.

Најбрзиот човек на светот на 100 и 200 метри, не се одлучи за создавање на најбрзиот автомобил, но затоа овој модел може да се покаже како најпрактичен.

Бидејќи тој не е инженер, за автомобилот се погрижи неговата компанија „Bolt“.

Возилото е именувано како „Bolt Nano“. Истото беше претставено на саемот „Vivatech“ во Париз и следеше откако Болт ја претстави својата линија електрични скутери.

Автомобилот има место за возач и совозач, а благодарение на неговата компактност лесно се снаоѓа во урбани услови. На пример, на едно паркинг место може да сместите четири вакви автомобили.

Техничките детали засега се чуваат во тајност, но познато е дека ќе може лесно да се менува батеријата и дека почетната цена на „Bolt Nano“ ќе биде 9.999 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот