Првата жена со силиконски гради: Ги добила бесплатно, трпела страшни болки, но одбила да го тужи лекарот

Тими Џин Линдзи
Тими Џин Линдзи / Фото: Принтскрин/Твитер

Во 1962 година, Тими Џин Линдзи, мајка на шест деца, легнала на операционата маса во болницата Џеферсон Дејвис во Хјустон, Тексас за зголемување на градите. Токму со таа операција, Линдзи влезе во историјата како првата жена која добила импланти.

„Мислев дека испаднаа совршени… Беа меки и како вистински! Но, всушност не знаев колкава е промената додека не излегов на улица и кога мажите почнаа да ми свиркаат“, изјавила Линдзи години подоцна.

Иако операцијата ѝ ја зголемила самодовербата и уживала во поголемото внимание, Линдзи никогаш навистина не планирала да ги зголеми градите. Имала 29 години и била во болницата за да ѝ отстранат тетоважа. Тогаш лекарите ја прашале дали би сакала да волонтира за првата операција за зголемување на градите во историјата.

Била вработена во фабрика во Тексас и се омажила на 15 години. Имала шест деца и се развела во средината на дваесеттите години. Поголемиот дел од животот го поминала без пари. Токму затоа, кога ѝ понудиле бесплатна операција, била заинтригирана.

„Повеќе се грижев за ушите… Личев на Дамбо! А тие ми рекоа: „О, ќе го направиме и тоа“, изјавила таа подоцна.

Амбициозни лекари и проблеми

За операцијата биле задолжени амбициозните лекари по естетската хирургија, Френк Героу и Томас Кронин. Героу бил првиот што дошол на идеја за нов тип на имплант на гради.

„Френк Гароу еднаш стисна пластична кеса со крв и забележа колку е слична на женска града. Tогаш му дојде идејата“, вели Тереза ​​Риордан, автор на книгата „Inventing Beauty: A History of the Innovations that have Made Us Beautiful“.

 

Приот силиконски имплант му бил вграден на куче по име Есмералда

„Јас бев задолжен за кучето. Имплантот беше вметнат под кожата и остана неколку недели, но Есмералда на крајот ги прегриза шевовите и имплантот мораше да се отстрани“, рекол Томас Бигс, кој работел со Героу и Кронин во 1962 година. како помлад специјалист по пластична хирургија.

Операцијата била оценета како успешна и Героу изјавил дека имплантите се „безопасни како вода“. Набргу потоа, медицинскиот тим се пуштил во потрага на жени кои ќе ги испробаат имплантите.

Впрочем, силиконот за зголемување на градите во тоа време веќе бил „популарен“ меѓу проститутките во Јапонија. Наводно сакале да бидат попривлечни за американските сили, за кои претпоставувале дека претпочитаат поголеми гради.

Почнале да експериментирале со вбризгување на силикон украден од болница,  директно во градите. Се испоставило дека овие инјекции имаат несакан ефект, силни воспалителни реакции, болни и тврди гради, а во најлош случај гангрена.

Тими Џин Линдзи низ магла се сеќава на денот на операцијата

„Кога се разбудив, почувствував голема тежина на градите, како нешто тешко да седеше таму… Тоа беше отприлика тоа, по можеби три или четири дена болката се намали“, раскажала таа.

Лекарите биле задоволни од резултатот. И тие всушност прво пробувале со директни инјекции на жени кои главно биле сопруги на студенти по медицина. Како и во Јапонија, ова се покажало како лоша идеја. Тогаш решиле да го стават силиконот во кеси за време на операцијата на Линдза.

Тими долги години не зборувала во врска со оваа нејзина авантура. Одвреме-навреме одела во болницата каде д-р Гароу ги фотографирал нејзините гради за анализи. Жените почнале масовно да се интересираат за оваа процедура и се чинело дека сè е во ред. Но…

По некое време, Тими повторно се омажила и продолжила да живее нормален живот. Десетина години по операцијата, нејзините гради станале тврди, отечени и почнале да ја болат – прво само при физички активности, а потоа постојано. Добила и осип.

Локалниот лекар ѝ рекол дека можеби станува збор за имплантите, но доктор Героу ја исклучил таа можност. Други лекари нејзините проблеми ги прогласиле за психосоматски, па почнала да посетува и психијатар.

Д-р Героу ја уверил дека силиконите се безбедни. Тоа било време кога многу жени имале проблеми со имплантации. Околу 300.000 жени вклучително и некои роднини на Тими поднеле тужби против компанијата „Dow Corning“, која ги откупила правата на имплантите од Героу и Кронин, поради бројни здравствени проблеми кои им се појавиле по операција.

Добиле огромна отштета, но кога побарале од Тими да им се придружи, таа одбила. Кога ја замолиле да сведочи и да каже каква болка доживува секој ден, таа рекла дека е задоволна од своите импланти. Таа до крај му верувала на доктор Героу.

Наводно, Тими до смртта на Героу во 1993 година, мислела дека му е должна бидејќи тој ѝ ги „средил“ „грдите“ уши. Други велат дека компанијата ја поткупила да молчи. Дури и денес вели дека нејзините импланти се безбедни.

Педесет години подоцна, Линдзи сè уште ги има нејзините оригинални импланти.

„Јас сум само горда на она што го направив. Јас сум пионир во светот на имплантите кои ги користат илјадници жени“, изјавила таа во 2007 година, годината кога се наврши половина век од нејзината операција.

До нејзиното пензионирање, работела ноќна смена во дом за стари лица на периферијата на Хјустон, борејќи се да преживее и да ги нахрани своите деца. И покрај болката, таа открила дека се плаши од нови операции и наместо тоа ќе страда… до крајот на животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот