Првата фотографија од новата верзија на „The Addams Family“: Морничавото семејство се враќа!

the addams family
The Addams Family / Фото: Принтскрин / IMDB/Instagram/vanityfair

Mагазин „Vanity Fair“ ексклузивно ги објави првите фотографии од новата верзија на „Тhe Addams Family“ што ќе се прикажува на стриминг сервисот „Netflix“.

Серијата e насловена „Wednesday“ и ќе има осум епизоди во режија на Тим Бартон. Мортиша Адамс ја игра актерката Кетрин Зита Џонс, а ликот на нејзиниот сопруг Гомез го толкува актерот Луис Гузман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair)

„Wednesday“ е првиот голем телевизиски проект на Бартон како режисер. Оригинални филмови за култното семејство Адамс беа во режија на Бери Соненфелд, а готските елементи што се нераскинлив дел од естетиката на Бартон, судејќи според тизерот, тоа ќе го пренесе преку карактеристичниот тон од филмовите и во оваа серија.

Oваа серија ќе донесе нова перспектива на култниот лик на Венсдеј Адамс кој пред три децении беше портретиран од Кристина Ричи. Сега, во улогата на најмладиот член на морничавото семејство кое го освои светот ќе ја видиме Џена Ортега.

Станува збор за натприродна мистерија во која се појавува Венсдеј Адамс како студент на академијата
„Nevermore“. Таа се обидува да ги контролира своите нови моќи, да им застане на патот на мистериозните
сериски убиства кои се случуваат во нејзиниот мал град и да ја реши натприродната мистерија во која
нејзините родители биле дел пред 25 години. Низ сето тоа, таа во исто време се труди да има релативно нормален тинејџерски живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот