Прва жртва на пожарот во турското одморалиште Мармарис

Едно лице загина денеска при гаснењето шумски пожари во турската провинција Мугла.

Загинатиот е вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија.

Пожарот изби во шумата во близина на хотел во турското одморалиште Мармарис.

Голем број на пожарникари, како и шест хеликоптери, булдожери и цистерни за вода се борат против пожарот, кој постојано се шири со помош на ветерот.

ВИДЕО: Голем пожар беснее во близина на плажа во Мармарис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот