Прва посета на осигурителни компании од Турција

Mожна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси.

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси.

Ова, како што информира МАТТО, е прва посета на претставници на осигирителна индустрија на Република Турција. Посетата е истражувачка за проценка на можност за соработка, инвестиции и проектно партнерство.

-Турската бизнис делегација, предводена од претседателот на Здружението на осигурителните куќи, Хусејин Дуру, беа пречекани од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски и од Марија Томеска, потпретседател на МАТТО и претседател на Управниот одбор на „Еуролинк”. Двете страни ги претставија индустриите и констатираа дека заеднички можат да развиваат осигурителни производи: здравствено осигурување, кое е во подем кај нас, а во Турција доживува експанзија, како и осигурување во областа на штети од земјотреси, кое кај нас не постои, а во Турција е развиено. Турската страна ја презентираше онлајн платформата „Осигурителен инфо центар” што ја интегрира цела осигурателна индустрија (економски оператори, производи и цени), а се апдејтира на дневната основа. Со платформата се постигнува транспарентност, и за компанниитре и за граѓаните и се влијае на регулацијата на овој пазар, информира МАТТО.

Осигурителната индустрија во Турција лани направила обрт од 12 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот