Прва Мастерс титутла за Медисон Кис

Медисон Кис е победничка на Мастерс турнирот во Синсинати откако во финалето беше поуспешна од минатогодинешната победничка Светлана Кузњецова во два сета со 7:5,7:6.

Американската тенисерка до победата дојде откако правеше пресврт и во двата сета, таа губеше со по 3:5 но успеваше да се врати во игра. Во првиот сет Кис освои четири гемови во низа и го освои со 7:5.

Во вториот сет, повторно Кузњецова на стартот направи брејк и предноста ја одржуваше до 5:4 кога сервираше за израмнување на 1:1 во сетови, но упорната Американка успеа да се врати во игра, направи брејк и го однесе сетот во тајт брејкот каде се покажа како поуспешна и за прв пат триумфира на турнирите од Мастерс серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот