Прва изјава на Здравко Чолиќ откако беше фрлена бомба на неговата куќа: Каде се наоѓал во текот на инцидентот?
На куќата на пејачот Здравко Чолиќ на Дедиње во Белград, околу 5 часот утрово беше фрлена бомба, а на лице место пристигнал дежурниот јавен обвинител кој заедно со полицијата ги утврдува сите околности на овој инцидент.
Препорачано
Здравко Чолиќ се огласи откако беше фрлена бомба врз неговата семејна куќа во Дедиње.
„Во моментот сум надвор од земјата. Се наоѓам во Загреб каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, му благодарам на Бог што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите беа протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на нештата. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, рекол Чолиќ за „Уна.рс“.
Да потсетиме, утрово, околу 5 часот, била фрлена бомба на вилата на пејачот, а во тој момент неговата ќерка Лара била во куќата. Не е познато дали некој друг бил со неа во тоа време.
Мотивите засега се непознати, а по инцидентот, голем број припадници на полицијата и надлежните органи се појавиле пред вилата на пејачот, собирајќи материјал.


