Провокативни шорцеви кои ќе бидат хит летово: Дали би се обиделе да ги носите? (ФОТО)

Instagram

Искинатите фармерки веќе долго време се тренд. Меѓутоа, инстаграм-инфлуенсерките пронајдоа нов начин како да ги носат – во вид на тексас шорцеви со повеќе пресеци.

Модниот бренд Fashion Nova претстави неколку верзии од овој необичен тексес тренд со името „Going To Extreme“, кој доаѓа во црна, бела и класична сина боја.

Исто така, креаторите си поиграле и со должината, така што нивните креации можат да се најдат во ултра кратки модели, како и нешто подолго слично на бермуди, трендот кој владееше минатото лето.

Сепак, една работа им е заедничка – провокативниот шорц има искинати детали на пределот кај задникот, џеповите и долните рабови.

Со оглед на тоа дека открива поголем дел од телото, овие шорцеви се одлични за оние кои не се срамат да ги покажат своите атрибути и се гордеат со своето тело.

Судејќи по реакциите, овој модел на шорцеви ќе биде еден од најголемите трендови летово!

Дали вие би сте се осудиле да го облечете?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот