Проверен рецепт за сутлијаш – секое зрно совршено зготвено и вкусно

Фото: Профимедиа

За да направите оригинален сутлијаш, рецептот не е голем предизвик дури и за оние што не се најискусни во кујната. Многу вкусен десерт, кој лесно се подготвува, а го сакаат сите, особено децата. Сутлијашот е речиси комплетен оброк сам по себе, па може да се јаде и како појадок. Направете сутлијаш по стар рецепт, кој им успева на сите.

Состојки:

– 1 филџан ориз
– 1 литар млеко
– вода
– шеќер
– сол
– цимет
– малку ореви или суво грозје

Подготовка:

Оризот измијте го и ставете го во тенџере со вода да се вари. Кога ќе се свари оризот, додајте литар млеко, малку шеќер, малку сол и еден ванилин шеќер.

Во текот на готвењето, важно е да се меша оризот, за да не загори и да се залепи за тенџерето, што може да му го расипе вкусот.

За да не се залепи оризот, додадете прстофат сол. На крај, за да го постигнете специфичниот вкус како од кујната на баба, врз сутлијашот ставете цимет, суво грозје или малку рендани ореви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот