Протести против расизмот и во Канада

Низ улиците на Торонто вчера ечеше песната „Правда за Реџи”, додека илјадници демонстранти бараа одговори во врска со смртта на 29-годишната Реџи Корчински Пакет, која паднала од балконот на нејзиниот стан додека била присутна полицијата.

Низ улиците на Торонто вчера ечеше песната „Правда за Реџи”, додека илјадници демонстранти бараа одговори во врска со смртта на 29-годишната Реџи Корчински Пакет, која паднала од балконот на нејзиниот стан додека била присутна полицијата.

Корчински Пакет била активен член на нејзината црква и талентирана гимнастичарка, информираат локалните медиуми. Во изминатите пет години, таа страдала од епилепсија и на семејството понекогаш му била потребна помош од полицијата.

Во изјавата на адвокатот на семејството се вели дека мајката на Реџи во средата попладне се јавила на 911 по семеен судир затоа што девојката била вознемирена.

Реџи, нејзиниот брат и мајката ја пречекале полицијата во ходникот на зградата пред нивниот стан на 24-от кат. Реџи разговарала со полицијата и кусо време потоа рекла дека мора да оди во тоалет. Полицајците влегле во станот со неа, но не дозволиле да влезат нејзината мајка и брат, рече адвокатот.

После една до две минути, семејството слушнало кошкање. Потоа, ја слушнале Реџи како бара помош: „Мамо помогни ми”, извикала неколку пати.

Само момент подоцна завладеала тишина. Полицијата наскоро потврдила дека е мртва, се вели во изјавата на адвокатот.

Демонстрантите се собраа во паркот „Кристи Питс” а потоа маршираа кон седиштето на полицијата во Торонто. Собирот првично беше планирано да заврши во Кралскиот парк.

Во очекување на демонстрантите, полицијата во Торонто постави барикади околу својот штаб.

Луѓето носеа транспаренти и извикуваа „ние сме важни, не сакаме полиција” и „нема правда, нема мир”.

Собирот за борба против расизмот, организиран од групата „Не уште еден црн живот”, се организира со денови по смртта на Корчински Пакет, чиј случај е под истрага од Единицата за специјални истраги во Онтарио.

Според локалната полиција, во собирот учествувале околу 4.000 луѓе.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека стотици луѓе присуствувале на сличен протест и во Халифакс.

Митингот е закажан и за денеска во Монтреал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот