Протест на ССМ: Не ви се плашиме, без работници нема држава, а нема ниту власт!
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска напладне го започна својот нов протест за покачување на минималната плата со поракaта „Не ви се плашиме. Без работници нема држава, а нема ниту власт!“
Препорачано
Протестот започна од Работничкиот дом, потоа продолжи покрај Собранието и Стопанската комора, и заврши пред Владата. Барањата се исти, односно зголемуваењ на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.
-Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закануват. Затоа што ги уценуваат по губење на нивните работни места по распоредување и губење на нивната плата. Но без оглед на тоа- Не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собраненито, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата- изјави претседателот на ССМ Слободан Трандафилов.
ССМ го отфрли законското усогласување од 1.667 денари поради тоа што, како што велат, само во последните два месеца вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.000 денари, со што усогласувањето не го покрива ни растот на трошоците за живот.
„И покрај сите закани и пторив сите притисоци што се обидуваа во изминатите денови да ги направат, огромен број од вас се охрабрија и покажаа дека не се плашат и покажаа дека ќе се бориме и нема да се молиме. На 28 јануари ја започнавме синдикалната борба на улица и нема да застанеме додека не се зголемат работничките плати. 600 евра минималната плата и за најмалку 6000 денари за сите работници“, порача Трендафилов.
Тој нагласи дека без работници нема држава, без работници нема ниту власт и ги покани присутните да го започнат протестниот марш кој продолжи пред Собранието, пред газдите, пред стопанската комора и ќе заврши пред владата.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, утринава обвинија дека овој протест е измама бидејќи е организиран од страна на опозициската СДСМ наместо од Сојузот на синдикати, тврдејќи дека функционери од Социјалдемократскиот сојуз ги мобилизирале работниците од внатрешноста на државата на учествуваат на денешниот протест.


