Проститутка ограбила фудбалер на ПСЖ на семафор

Фудбалерот на ПСЖ, Андер Ерера се најде во центарот на вниманието на јавноста поради бизарна причина/ фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Познатите фудбалери кои настапуваат за најголемите екипи во Европа често се мета на крадци и ваквите информации се појавуваат во јавноста речиси секоја недела, но денешниот настан е бизарен.

Фудбалерот на ПСЖ, Андер Ерера бил ограбен на семафор и тоа од проститутка.

Имено, Ерера со автомобилот застанал пред семафорот, а наводно проститутката влегла во неговиот автомобил и му украла 2.000 евра и мобилен теелфон, пренесува „yardbarker.com“.

Францускиот медиуми открива дека на Ерера подоцна му бил вратен мобилниот телефон, но морал да оди на одредена локација за да го добие назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот