Проширена истрагата против Ѓоковиќ: Му се заканува затворска казна до пет години?

Новак Ѓоковиќ
Бидејќи не беше вакциниран против ковид-19 не настапи на „Австралија опен“/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Одлуката дали Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија најверојатно ќе биде донесена во следните неколку дена, пренесуваат тамошните медиуми.

Српскиот тенисер излезе со официјално соопштение во кое се обиде да објасни што се случило во декември кога доби позитивен тест на коронавирус.

Австралиското Министерство за имиграциска политика сега ја испитува валидноста на документите и можната казна на Ѓоковиќ бидејќи, како што самиот кажа поради грешка на агентот кој ја пополнил пријавата, дал неточни податоци за патувањата.

Казната би можела да биде до пет години затвор, јавуваат австралиските медиуми. Исто така, се испитува и времето на објавување на резултатите од тестовите, кои беа доведени во прашање од некои медиуми.

Медиумите во Австралија воедно информираат дека правниот тим на најдобриот играч во светот поднел правни поднесоци кои се релевантни за евентуално одземање на визата.

По тој повод кратка изјава даде портпаролот на министерот за емиграција Алекс Хок.

– Секако, тоа ќе влијае на временската рамка за конечната одлука – велат од министерството.

Ѓоковиќ претходно денеска одработи уште еден тренинг во Род Лејвер Арената пред евентуалниот настап на „Австралија опен“.

Премиерот на Викторија не го признава поразот: Никој не е поголем од Австралија Опен

ВИДЕО: Фановите на Ѓоковиќ со музика и песна славеа на улиците во Мелбурн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот