Фото: илустрација Слободен печат / Методи Здравев

Просечни плати во регионот: Во Македонија најниска, највисока во Хрватска

Податоците покажуваат дека просечните плати во регионот се движат од 740 до 1.444 евра. Хрватска е убедливо на првото место, со просечна плата (нето) од 1.444 евра (јуни 2025 година). По Хрватска следува Црна Гора каде просечната плата без даноци и придонеси во август изнесувала 1.015 евра.

Србија заостанува зад овие две земји, не само во однос на времето на објавување на податоците, туку и во износот на заработката. Просечната плата во Србија била 932 евра (јули 2025 година). Босна и Херцеговина има поделена статистика. Во Федерацијата Босна и Херцеговина, просечната плата во август изнесуваше 797 евра. Република Српска достигна просечна плата од 782 евра во јуни. Најниските плати на оваа листа се во Македонија, каде што просечната плата во април оваа година изнесуваше околу 740 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот