Фото: Профимедиа

Просечната плата во Македонија е 45.310 денари, тврди државната статистика

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување од 10,3 отсто, пресметал Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14,6%, Образование за 14,5% и Административни и помошни услужни дејности за 14,1%, додека зголемувањето на бруто платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14,9%, Образование за 14,8% и Административни и помошни услужни дејности за 14,4%, велат од ДЗС.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5,2%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7% и Рударство и вадење на камен за 4,5%. Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5,3 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,8% и Рударство и вадење на камен за 4,6%, се додава во соопштението на државните статистичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот