Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Просечната плата во јуни 45.468 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2025 година изнесува 45 468 денари и е повисока за 8,4 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето, според податоците, најмногу се должи на растот на платите во секторите: образование (14,7%), здравство и социјална заштита (12,7%) и рударство и вадење камен (12,2%).

Истовремено, намалување на просечната нето-плата во споредба со претходниот месец е забележано во: финансиски дејности и осигурување (–7,5%), трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (–4,3%) и транспорт и складирање (–2,1%).

Просечната месечна бруто-плата во јуни изнесува 68 340 денари, наведува ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот